Им порачаа да не излегуваат од дома: Четири милиони жители на Барселона се обидуваат да избегнат уште еден карантин

Фото: EPA-EFE/Toni Albir

Од почетокот на епидемијата на коронавирус, Шпанија е една од најпогодените земји, со околу 28.000 смртни случаи.

Властите во Барселона денеска им порачаа на жителите да останат дома и да не се собираат во групи од повеќе од 10 лица за да се спречи ширењето на корона вирусот.

– Препорачуваме луѓето да не се движат многу, освен ако е неопходно. Многу е важно да се почитуваат овие мерки затоа што тоа е најдобриот начин да се избегне целосно затворање на градот – рече секретарката за здравство на Каталонија, Алба Вергес.

На жителите на Барселона им се препорачува да купуваат преку Интернет, како и да ги ограничат културните и спортските настани. Музеите и натаму остануваат отворени.

Барселона е втор по големина шпански град со 1,6 милиони жители, но од минатата недела заедно со соседниот град Арагон се со најголемо зголемување на бројот на нови случаи на вирусот Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус, Шпанија е една од најпогодените земји, со околу 28.000 смртни случаи.

Од укинувањето на карантинот на 21 јуни, во земјата се појавија повеќе од 170 кластери, што ги натера локалните власти да воведат ограничувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот