Илон Маск не е најбогатиот човек на светот, Бернард Арно го престигна – неговото богатство е 207,8 милијарди долари

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Бернард Арно, милијардерот и шеф на глобалниот конгломерат на луксузни брендови LVMH, го престигна Илон Маск и стана најбогатиот човек на светот.

Богатството на Арно и неговото семејство се зголеми за 23,6 милијарди долари во петокот на 207,8 милијарди долари, надминувајќи го богатството на извршниот директор на Тесла, Илон Маск, од 204,5 милијарди долари, според рангирањето на Форбс во реално време. Арно стигна до првото место во петокот, 26 јануари 2024 година, пишува Форбс.

Вредноста на компанијата на Маск, Тесла, падна за 13 отсто на берзата во четвртокот, поради што Маск загуби над 18 милијарди долари. Во исто време, акциите на LVMH добија голем удар во петокот: нивната вредност се зголеми за над 13 отсто до 11 часот, поттикната од силната продажба. Пазарната капитализација на LVMH во петокот достигна 388,8 милијарди долари, додека Tesla на берзата вреди 586,14 милијарди долари.

Во 2021 година, LVMH ја купи Tiffany & Co, за речиси 16 милијарди долари, што се смета за најголема аквизиција на луксузен бренд во историјата. Холдинг-компанијата на Арно, Agache е поддржана од VC фирмата Aglaé Ventures, за која Форбс објави дека инвестира во бизниси како што се Netflix и ByteDance, матичната компанија на TikTok.

Арно има пет деца, сите работат во LVMH. Тој неодамна назначи двајца од неговите синови во одборот на конгломератот, каде што веќе седат уште две деца, сè во обид да обезбеди долгорочна контрола на семејството врз неговата деловна империја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот