Илјас од ДПТМ: Мислата за подобра иднина не доведе до коалицијата со СДСМ (ВИДЕО)

-Поради овој изборен законик ние сме принудени да коалицираме. Тоа е еден вид на проблем, би сакале да настапуваме сами, но што е тука е. Кога настапуваме во коалција имаме барања со кои би требало да се согласуваме со останатите партии. Ние сме убедени дека Република Северна Македонија ќе биде дел од ЕУ. Веќе сме членки во НАТО, а на прав пат сме кон Европската Унија, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, претседателот на Демократската партија на Турците на Македонија, Бејџан Илјас.

-Мислејќи за подобра иднина ние дојдовме да бидеме во коалиција со СДСМ. Имаме програмски усогласувања и затоа сме дел од Коалицијата „Можеме“.

-Ние граѓаните ги гледаме како дел од операцијата за подобра иднина. Во програмата 90 % се земени мислењата на граѓаните. Тие дадоа свој придонес во формирање на програмата, додаде Илјас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот