Илир Мета: За тензиите на Косово одговорни се Вучиќ и Рама

Еди Рама и Александар Вучиќ
Еди Рама и Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Лидерот на Партијата на слободата Илир Мета, кој до 24 јули беше претседател на Албанија, коментирајќи ги случувањата на северот на Косово, рече дека главната одговорност е на Белград.

Единствена закана за граѓаните на северно Косово се бандите кои таму вршат одредени активности. Одговорноста е на Белград кој ги одржува во живот и ги активира секогаш кога сака да создаде вештачки ситуации, оценува Мета.

Наведе дека за политиката на провокации на Србија е одговорен и албанскиот премиер Еди Рама, кој според него „ги поддржал обидите на Белград и овозможувајќи и доминација на Србија во регионот”.

-Орелот е извонреден симбол кој треба да не инспирира за одржливост, како народ и нација. Исто така и за волјата да се издигнеме до нови височини и да излеземе од калта на поделбите каде што другите не ставија. Ако Белград продолжи со политиката на постојана провокација, одговорен е и премиерот на Албанија, Еди Рама, кој го придружуваше Вучиќ во иницијативите за доминација на Србија во регионот, додава Мета.

Според него, честопати, нејаснотиите на официјална Тирана за некои прашања, не биле во интерес на зајакнувањето на позицијата на Косово, ставајќи го под непотребен притисок да се вклучи во Отворен Балкан.

– Има и други случаи со кои и се помагаше на Србија да изгледа како конструктивна земја, а да се направи Косово да изгледа како да е против разговорите. Србија ги искористи овие години за да добие што повеќе пари од ЕУ и да излезе од политиката на ЕУ, рече Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот