20.8 C
Скопје

Играчот кој со наци поздрав славеше со навивачите на Лацио, удри по Мурињо: Тој е најлош меѓу најлошите, игра анти-фудбал

Поранешниот фудбалер на Лацио, клуб кој е најголем ривал на Рома, Паоло Ди Канио, ги испрозива челниците на Рома поради одлуката да го донесат Жозе Мурињо за тренер од идната сезона.
Ди Канио на својата рака има тетоважа „Dux“ со која го велича италијанскиот нацистички лидер Бенито Мусолини, а во времето кога настапуваше за Лацио, сопствените навивачи ги поздравуваше со наци поздрав, сега упати критики кон челниците на Рома.

Го донесовте најлошиот меѓу најлошите – и порача Ди Канио на Рома.
– Разбирам дека ви беше потребно големо има, но тоа е како да донесовте фудбалер кој е веќе готов. Мурињо само сакаше работа која ќе му донесе пари, тој во последните четири години три пати доби отказ, каде и да работеше беше истеруван поради неговиот карактер, а токму тоа беше се во што беше добар – тоа што имаше карактер.

Поранешниот фудбалер на Лацио потоа почна да го критикува и Мурињо.
– Тој повеќе не игра фудбал, игра анти-фудбал. Можеби ќе уќиватре во неговите прес конференции, но да ви кажам нешто – да почнете со реконструкција на екипата и да го донесете Мурињо тоа е најлошиот можен потег. Мурињо е најлош меѓу најлошите. И тоа го кажува човек кој до пред седум години беше негов најголем фан – додава Ди Канио.

Поврзани вести

ВИДЕО: Не издржаа, се истепаа англиските и шкотските фанови

Слободен печат

Храбрата Шкотска и зеде бод на Англија

Слободен печат

Хрватите очајни: Спори сме, не заслуживме повеќе од реми

Слободен печат

Ѓоковиќ го продаде станот во Мајами за шест милиони долари

Слободен печат

ФОТО: Фудбалерите го „сефтосаа“ теренот на „Јохан Кројф“ арената

Слободен печат

Навивачите на Парма не му простуваат на Буфон: Си замина како платеник, сега не може да се вратиш како херој

Слободен печат

Остави Коментар