Иднината на локалниот развој лежи во ИПА програмите и од централната власт

Кампањите на партиите за локалните избори се во тек, како и ТВ дебатите од кои граѓаните треба да добијат доплнителни информации за понудата на кандидатите за градоначалници, според кои се одлучат кому ќе му ја дадат довербата.
Не навлегувајќи во програмите на кандидатите во детали, сепак од досега слушнатото и виденото може да се забележи дека при своите излагања кандидатите на СДСМ, а собено оние кои веќе биле градоначалници и сега се борат за втор мандат, речиси без исклучок говорат за реализација на проекти со европски пари.

Тоа секако е новина во работењето на локалната власт, која се повеќе има потреба да не се ослонува само на основните извори на финансирање на општините и да чека помош од државата, туку да менаџира доплнителни извори на финансирање од надвор.

Со инструментот за пристапна помош (ИПА) на Македонија и беа дадени на располагање милијарда и двесте милиони евра во временска рамка од 12 години.

Ова покажува дека земјата е на добар пат на развојот и дека напредокот е очигледен бидејќи изминатите години, особено во источниот регион со поддршка на Владата и ИПА фондовите беше направен вистински бум од проекти за развој, што е една од поентите на овие претпристапни фондови.

Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) 2021-2027 година во вредност од 14,2 милијарди евра, ќе поддржи спроведување на реформите поврзани со ЕУ во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција, и овојпат членките рамномерно ќе добиваат пари од вкупниот буџет.

Овие ИПА Фондови овозможија подобрување на регионалниот развој и стабилност, соработка со соседите и сериозен и активен пристап кон проектите од инфраструктурата, енергетиката и телекомуникациите, прекугранични развојни зони како поддршка на развојот на руралните, односно пограничните региони во Република Северна Македонија, обновување на иницијативите за нови гранични премини кон соседните земји и промовирање на нови меѓународни и локални премини за пограничното население.

Новата генерација на ИПА ќе ја зајакне демократската, нормативна и социо-економска трансформација на земјите кандидати за ЕУ. Овозможува попаметна, подобро насочена поддршка, повидлива и одржлива за кандидатите на пат кон ЕУ. Регулативите изгласани минатиот месец ќе важат ретроактивно од 1 јануари 2021 година.

Овој фонд, трета генерација на ИПА, вклучува можност за измена или суспендирање на помошта во случај на влошување на почитувањето на „основните“ вредности – демократијата, човековите права и владеењето на правото. Затоа, ќе ја зајакне условеноста поврзана со овие прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот