Идеја за вкусен појадок кој е во прилог на секоја здрава диета

Како ќе го започнете утре денот? Се разбира, со вкусен и здрав појадок.

За овој појадок ќе ви биде потребен и тушт. Тушт е горчлива и солена билка која често се користи во медитеранската и индиската кујна. Половина шолја тушт содржи повеќе од 1.000 IUs витамин А, што ja прави најевтината здрава храна на светот. Од друга страна, јајцата, збогатени со омега 3 масни киселини се преполни со протеини, витамини, антиоксиданти и други нутриенти кои согоруваат калории.

Состојки:

– Маслиново масло

– ½ кромид со средна големина (сецкан)

– 2 шолји тушт (без стеблото)

– 1 пиперка халапењо или серани (сецкања)

– 4 омега 3 јајца

– 4 пченкарни тортиљи

– сол

Подготовка:

Ставете маслиново масло во тавче и додадете го кромидот, па динстајте го. Додадете тушт и пиперка, па динстајте околу две минути.

Додадете ги јајцата, па лесно мешајте ги со останатите состојки. Кога јајцата се речиси готови, загрејте ги тортиљите во сува тава.

Посолете ги јајцата и ставете ги врз тортиљите, можете да ги прелиете со вашиот омилен сос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот