Ибрахимовиќ: Ковид имаше храброст да ме предизвика, тоа е лоша идеја!

Фото: facebook.com/ACMilan

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ потврди дека е позитивен на коронавирус, но и дека не чувствува никакви симптоми.

Шведскиот напаѓач беше тестиран пред натпреварот од третото квалификациско коло за Лига Европа против Бодо/Глимт.

– Во средата сум тестиран и бев негативен, а денеска сум позитивен. Не чувствувам никакви симптоми. Ковид имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја – во свој стил напиша Ибрахимовиќ на неговиот Твитер профил.

Ибрахимовиќ е вториот заразен играч во редовите на „росонерите“, после бразилскиот централен бек Лео Дуарте.

Тренерот на клубот од „Сан Сиро“ нема да може да смета на Ибра за дуелот против норвешката екипа и не е познато колку ќе отсуствува од терените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот