Ибрахимовиќ позитивен на коронавирус

epa08140805 Milan's Zlatan Ibrahimovic reacts during the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Udinese Calcio at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 19 January 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус, пренесоа италијански медиуми.

Ибрахимовиќ нема да биде дел од тимот на Милан кого вечерва го очекува пресметка со норвешкиот Бодо-Глимт во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа.

Според италијанските медиуми, Ибрахимовиќ не чувствува никакви симптоми, но веднаш е испратен во самоилозација во наредните две недели поради позитивниот тест.

Медиумите не наведуваат дали е позитивен на коронавирус уште некој фудбалер на Милан, но се сомневаат во такво нешто бидејќи напаѓачот до пред два дена беше во непосреден конкатк со многу соиграчи.
Ибрахимовиќ во првите две кола од Серија А постигна три гола и е најзаслужен што „росоњерите“ имаат максимален ефект.

Интересно е што со избивањето на пандемијата на коронавирусот, Златан Ибрахимовиќ покрена голема хуманитарна акција „Ајде да го шутнеме коронавирусот“ со која целта беше да се собере помош за болниците во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот