Иако вети дека ќе ја напушти Русија, Бургер Кинг сè уште работи во земјата

Бургер Кинг во Москва, Русија / Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Американскиот ресторан за брза храна Бургер Кинг сè уште е отворен во Русија и покрај тоа што сопственикот на франшизата вети дека ќе го напушти тој пазар пред повеќе од една година. Ресторан Бренд Интернешонал (РБИ), кој поседува 15 отсто од бизнисите со франшизата за брза храна во Русија, рече дека моментално нема нови информации за неговото повлекување од рускиот пазар.

Во март минатата година компанијата објави дека го започнала процесот на напуштање на Русија. Од избувнувањето на војната во Украина, западните компании беа под притисок да ја напуштат Русија. Критичарите ја обвинија РБИ дека го поддржува режимот на Путин со тоа што не го продава својот удел во рускиот бизнис.

РБИ, една од најголемите светски компании за ресторани за брза храна, го наведе својот комплициран договор за франшиза како причина за тешкотиите во обидот за излез од земјата. Тие рекоа дека во овој бизнис имаат три партнери за околу 800 ресторани.

Дејвид Шир, претседател на РБИ, рече дека главниот оператор на Бургер Кинг во Русија одбил да ги затвори продажните места по првите напади над Украина. Но, тој додаде дека компанијата го започнала процесот на решавање на сопствениот удел од 15 проценти и дека ќе потрае некое време.

Додека Бургер Кинг продолжува да работи во Русија, неговиот најголем ривал Мекдоналдс, кој беше корпоративен сопственик на повеќето ресторани, успеа да ја напушти земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот