И се заканувал на новинарка од БиХ дека ќе ја убие, полицијата и рекла „Дојди за два дена“

За овој случај се огласи и Здружението на новинари на БиХ, кое ја осоди постапката на полицијата и побара итно решавање на случајот.

Новинарката и уредничката на босанскиот портар eTrafika.net, Вања Стокиќ, објавила фотографија со двајца мигранти, поради што државјанинот на БиХ, Горан Живановиќ на Фејсбук и напишал заканувачка порака. Кога заканата била пријавена во полиција од таму и било сугерирано да се врати за два дена, објави Index.hr.

– Го*на на грб ни ставате. Избркајте ги од државава. Утре да го видам на мојот имот како шета низ старата шума…на сите би им ги одсекол главите, но и на вам душебрижници што ги дочекувате тие паравоени го*на – напишал Живановиќ.

Стокиќ заканата ја сфатила сериозно и во петокот за се ја известила полицијата. Но, кога пристигнала таму дежурната полицајка и рекла да дојде до понеделник. Веста потоа Стокиќ ја објавилана порталот eTrafika.net, а Живановиќ продолжил да ја вознемирува новинарката на социјалните мрежи.

– Пишуваше дека никој не е доволно голем маж како он, а ги повтори и смртните закани. И неговите поворни јавувања, но и ужасниот однос на полицијата многу ме вознемири. Целиот ден го минав во страв, посебно откако мои пријатели ми кажаа дека таа личност живее во моја непосредна близина. Дури ми го испрати и неговиот број на телефон со порака дека можам слободно да им го дадам на полицајците за да можат полесно да го најдат – изјавила Стокиќ.

Сепак, во вчера ја побарале од полицијата и ја замолиле да дојде да даде изјава, притоа известувајќи ја дека Живановиќ е веќе приведен.

За овој случај се огласи и Здружението на новинари на БиХ, кое ја осоди постапката на полицијата и побара итно решавање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот