И покрај неуспехот, сите скандираа Ноле, Ноле…! (ВИДЕО)

Не плачам толку поради тоа што не успеав да обезбедам финале на „Адриа Тур“, туку се потсетив на детството, вели првиот првиот светски рекет.

Денеска во рамките од „Адриа Тур“ во Србија најдобриот светски тенисер триумфираше против Александар Зверев со 4:0, 1:4, 4:2, но тоа не беше доволно за учество во финалето.

И покрај неуспехот, Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажува дека е голем човек. Иако доживеа елиминација после загубениот сет против Зверев, на крајот успеа на својот сопствен турнир, на своите сопствени терени триумфи за својот сонародник Филип Крајиновиќ кој ќе игра во финалната битка.

Важно што еден од нашите е во финалето. Беше емотивно во последните неколку денови, им се заблагодарум на сите кои го поддржаа овој настан и им овозможија на сите кои што дојдоа, навистина уживав. Не плачам толку поради поразот и што не успеав да обезбедам финале, некоја бура од емоции од сето ова, туку се потсетив на детството. Ве сакам сите, ви благодарам многу – беа зборовите на Ѓоковиќ за „Спортклуб“.

Сите од трибините скандираа Ноле, Ноле, а на првиот светски рекет не му преостанува ништо друго да се фокусира на останатите дуели од регионалната турнеја.

Ѓоковиќ разочаран од откажувањето на „Адриа Тур“: Црна гора ја сметам за свој дом, но…

Во Задар се очекува да продолжи „Адриа Тур“ (20-21 јуни), потоа во Бања Лука (3-4 јули), а Ѓоковиќ на 5 јули во Сараево закажа егзибициски меч против Дамир Џумхур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот