Ѓоковиќ разочаран од откажувањето на „Адриа Тур“: Црна Гора ја сметам за свој дом, но…

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Организаторот на хуманитарните серија турнири „Адриа Тур“, Новак Ѓоковиќ потврди дека турнирот кој требаше на 27 и 28 јуни да се одржи во Црна Гора е откажан. Причината за откажувањето е одлуката на владата на Црна Гора да не ги отвори границите за српските државјани.

– Навистина ми е жал за Црна Гора. Имам семејство кое живее таму, ја сметам Црна Гора за свој дом. Сè се обидовме, но границите сè уште не се отворени и ние немаме време да организираме се. Не можевме да чекаме повеќе. Третата недела од турнирите е под знак прашање, ќе се обидеме да најдеме некое решение. Засега останува да се игра во Задар, Сараево и Бања Лука – изјави Ѓоковиќ за телевизијата Спортклуб.

Денеска и официјално започна турнирот во Белград на кое се случи и првото големо изненадување.

Александер Зверев/Адриа Тур/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот тенисер Никола Милојевиќ ја искористи укажана шанса, влезе како среќен губитник по повредата на Дамид Џумхур во дуелот со Доминик Тим и го совлада 19. тенисер на АТП ранг листата, Григор Димитров со 4:1, 4:3.
Претходно победија Александер Зверев и тоа со пресврт против Филип Крајиновиќ (0:4,4:3,4:3) и Новак Ѓоковиќ против Виктор Троицки (4:1,4:1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот