И нема рамна: Беспрекорното издание на Меланија Трамп! (ФОТО)

профимедиа

Споменикот на Џорџ Вашингтон, попознат под името Washington Monument некое време беше затворен за туристите и посетителите поради модернизација на лифтот и унапредување на безбедносните стандарди.

Работите се готови, а популарната културна и туристичка атракција повторно може да се посетува, а свеченото повторно отворање го направи првата дама на Америка Меланија Трамп.

профимедиа

Убавата Словенка ја пресече лентата во прекрасен бел фустан во нејзиниот препознатлив стил – едноставната тоалета со крој А до под колена со бел појас беше одличен избор за оваа свечена прилика.

Покрај фустанот таа облече и бели салонки со принт и висока потпетица, кои дефинитивно се нејзин заштитен знак.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот