И Црна Гора ја тресе афера „Мајбах“ – набавени две луксузни возила, она за Мило платено 647.000 евра

epa08326922 President of Montenegro Milo Djukanovic (R) arrives for an inspection of the Clinical Center of Montenegro in Podgorica, Montenegro, 27 March 2020. Health authorities in the small Western Balkan country have reported 67 confirmed cases of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus, as well as one death so far. EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Црногорската Агенција за национална безбедност кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година купила автомобили вредни речиси 1,2 милиони евра, од кои само едното возило – мерцедес Мајбах е платено повеќе од 647 илјади евра, дознава Вијести од увидот во фактурите до кои дошол, според Законот за пристап до информации Истражувачкиот центар на Мрежата за афирмација на невладиониот сектор (МАНС).

Премиерот Здравко Кривокапиќ неодамна најави дека двата мајбаха во државна сопственост ќе бидат продадени, и дека парите ќе бидат вратени во државниот буџет. Еден мајбах користи претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, а другиот, додека бил премиер го користел Душко Марковиќ кој сега е пратеник на ДПС.

За еден од двата мајбаха, според документацијата до која дојде МАНС, профактурата за АНБ е изадена е кон крајот на ноември 2017.

Се работи за возило произведено во 2017 година, од речиси 6.000 кубици и 620 коњски сили, со четири врати и четири седишта.

Во профактирата се прецизира и бојата – обсидијан црна металик, а цената без ДДВ е 543.968,07 евра. Вкупната цена на возилото со пресметан ДДВ е 647.322 евра.

Во профактирата е назначено и дека уплатата се извршува на две рати и тоа половина од вкупната цена во рок од седум дена од потпишувањето на договорот, а втората во рок од 60 дена од испораката и потврдата за исправност на опремата.

Агенцијата за Државниот трезор при Министерството за финансии на 18 јануари 2018 година и доставила барање за исплата на вкупната цена – 647.322 евра.

Податоците за купувањето на два мајбаха биле означени со степен на тајност интерно, па досега не се познати деталите за трговијата.

АНБ, меѓутоа, одби на МАНС да му достави документација која се однесува на втората исплата од државниот трезор од крајот на 2017 година, а која исто така се однесува на плаќање „средства за транспорт“.

Се работи за барање за исплата на 514.408 евра од декември 2017 година.

МАНС побара копии од барањата за плаќање и фактурите врз основа на кои од трезорот е побарана оваа исплата.

„Во понатамошниот тек на постапката, АНБ утврди дека не ги поседува бараните документи и дека предметните податоци се содржани во документацијата што произлегува од примената на член 48 од Законот за АНБ … 10-12231 / 2 од 8 декември 2015 година. Со оглед на тоа што беше побаран пристап до документи обележани како класифицирани и дека членот 1, став 2, точка 2 од Законот за слободен пристап до информации пропишува дека одредбите од наведениот закон, меѓу другото, не се применуваат на информации за кои има обврска да ги чуваат во тајност, во согласност со законот што ја регулира областа на класифицирани информации, согласно член 116 од Законот за управна постапка, се одбива слободниот пристап до бараната информација “, се вели во решението доставено до МАНС, потпишано од вршителот на должноста директор АНБ Дејан Вукшиќ.

Кој направи проценка дека расфрлањето е потребно и оправдано?

Директорот на истражувачкиот центар МАНС, Дејан Миловац, најави дека организацијата сигурно ќе поднесе жалба на одлуката на в.д. директорот на АНБ Дејан Вукшиќ заради спречувањето на пристапот до информации за плаќања од државниот буџет.

„Бидејќи ова е информација за тоа како се трошеле парите на граѓаните, во никој случај не треба да биде тајна. Иако АНБ достави комплетна документација за едно возило, за друго добивме одговор дека документацијата за тоа е означена со степенот на тајност „интерно“. Интересно е што одлуката за обележување на тајноста датира од декември 2015 година, а се однесува на набавка на возила во декември 2017 година “, изјави Миловац за „Вијести“.

Според него, двете плаќања биле извршени од буџетот на АНБ, од буџетската точка „транспортни средства“, но Агенцијата одлучила да ја отстрани ознаката за класификација за едната исплата, додека за другата се придржувала на одлуката на претходната администрација од 2015 година и одби пристап до информации.

„Кога станува збор за износите што оваа институција ги издвои за набавка на возила на највисоките државни службеници, фактурата која ја доби МАНС останува како сведоштво за апсолутно арогантен однос кон парите на граѓаните. „Она што сè уште останува како неодговорено прашање е кој направи проценка дека оваа набавка е неопходна и оправдана и дали навистина треба да дадеме над еден милион евра за две службени возила“, рече Миловац.

Одат на продажба

Владата неодамна го усвои предлогот да се започне процес за продажба на двете државни возила Мерцедес – Мајбах.

„Средствата од продажбата на овие возила ќе бидат уплатени во буџетот на Црна Гора и тие ќе бидат искористени за помош на ранливи граѓани и за подобрување на социјалната правда во земјата“, рече премиерот Здравко Кривокапиќ.

Тој во видео пораката наведе дека Министерството за финансии и социјална помош е задолжено за ангажирање на проценител кој ќе ја проценува вредноста на возилото, како и да формира комисија за продажба на возила до следната редовна седница на Владата.

Премиерот појасни дека после тоа ќе биде објавена меѓународна јавна покана за учество на јавниот тендер.

„Јавната покана ќе трае осум дена, а после тоа ќе биде организирана јавна лицитација на која јавно и транспарентно ќе се избере најдобриот понудувач“, објави претходно Кривокапиќ.

Извор: Вијести.ме

Да не избегаше, Груевски сега ќе излезеше од затвор

Груевски со „мајбахот“ и црно капче седна на клупа во унгарскиот суд (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот