ХУМАНИСТИЧКА соработка: Националната галерија потпиша меморандум со ПОУ „Иднина“

Националната галерија на РС Македонија со години наназад несебично ја искажува својата општествена одговорност со подавање рака на тие на кои им е најпотребна. Преку едукативен пристап Националната галерија со години наназад таргетира и анимира деца од ранливите групи, со различен спектар на попреченост во синергија со ученици од редовниот курикулум. Овие културолошко-социјални и инклузивни проекти се дел од Програмата на Националната галерија и во целост се поддржани од Министерството за култура. Во изминатиот период (2017-2019) на оваа национална установа ѝ беше доделен грант од Амбасадата на Кралството Холандија наменет за едукација на ранливите групи од претшколска и школска возраст.

Како продолжение на претходниот, на почетокот на месецот во просториите на Чифте амам беше потпишан меморандум за соработка меѓу Националната галерија и Посебното основно училиште „Иднина“ од Скопје.

– Учениците од ПОУ „Иднина“ се редовни учесници во креативните работилници во организација на нашата институција и се едни од најкреативните млади уметници. Со потпишување на меморандумот подготвени сме да им дадеме целосна поддршка и продолжуваме со нови проекти, со цел поттикнување и развој на креативноста, како алатка за интелектуален и психофизички развој и напредок. Оваа година ќе го поддржиме нивниот патронен празник и заеднички ќе ги одбележиме битните датуми во текот на годината – изјави д-р Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија.

Претставниците од училиштето, покрај благодарноста, порачаа дека во досегашното искуство со Националната галерија препознаваат силна поддршка на институционално ниво и позитивен пример што не треба да биде единствен и изолиран.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 22, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 14-15 март 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот