Хулио Иглесијас (76) фатен на плажа со две девојки, помлади сигурно 40 години од него! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Шпанскиот заводник и пејач Хулио Иглесијас за нешто повеќе од месец дена ќе наполни 77 години, но тоа не го спречува да ужива во животот.

Имено, тој е фотографиран како со тешкотии се движи на една плажа во Доминиканската Република, а друштво му прват две многу млади девојки.

Неговиот шарм очигледно не избледува, а без оглед на тоа што е на прагот на деветата деценија од животот, очигледно е дека девојките се уште го сакаат.

Двете згодни девојки очигледно уживале со пејачот на неговата приватна плажа, а во моментот кога се фотографирани може да се види како тие две му помагаат на Хулио да дојде до морето.

Тоа што многу светски медиуми се прашуваат, што ќе каже Миранда (54), жената со која Хулио живее три децении.

Да потсетиме, Хулио уште како мало момче имал страшна несреќа во која за малку ќе останел без половина од десната рака, меѓутоа докторот и кардиохирург Дентон Артур Кули, успеал да му ја спаси раката.

Погледнете ја фотката од плажа:

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот