Хуавеј/ Фото: МИА

„Хуавеј“ е прв по продажбата на паметни телефони и покрај вкупниот пад на прометот

„Хуавеј“ се рангираше на петтото место на кинескиот пазар на паметни телефони во вториот квартал со испорачани 9,6 милиони единици, што е пад од 1,3 проценти.

Компанијата го презеде водството на кинескиот пазар на паметни телефони за прв пат по повеќе од четири години во вториот квартал од 2025 година, и покрај вкупниот пад од четири проценти на испораките во споредба со истиот период минатата година.

Според најновиот извештај на ИДЦ за следење на мобилни телефони во светот, вкупниот број на испорачани единици во Кина се намали на 69 милиони, со што се прекина низата од шест последователни квартали на раст.

Причините за падот лежат во ограничениот ефект на владините субвенции и ниската доверба на потрошувачите. Во толку неизвесна економска средина, „Хуавеј“ испорача 12,5 милиони уреди и освои 18,1 процентен пазарен удел, и покрај малиот пад од 3,4 проценти.

Вил Вонг, виш истражувач во одделот за потрошувачка на ИДЦ во Азиско-пацифичкиот регион, рече дека „Хуавеј“ го должи своето закрепнување на „силната привлечност на брендот и ефективната контрола на дистрибуцијата“.

„Виво“ се најде на второто место со 11,9 милиони испораки, што е намалување од 10,1 проценти, додека „Oппо“ беше трет со 10,7 милиони единици, што е намалување од 5 проценти во однос на минатата година.

Единствениот производител меѓу првите пет што забележа годишен раст беше „Шаоми“, благодарение на неговата популарност кај купувачите што се почувствителни на цените, додаде Вонг. „Епл“ се најде на петтото место со 9,6 милиони испорачани единици, што е намалување од 1,3 проценти, пренесува Пословни дневник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот