Хрватските ракометари на чекор до пласман на Олимписките игри

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Хрватската ракометна репрезентација е блиску до пласман на Летните олимписки игри кои годинава ќе се организираат во Париз.

„Коцкестите“ во Хановер успеаја да запишат победа од три голови разлика против Германија (33:30).

Најефикасен во редовите на Хрватска веше Мартиновиќ со осум голови, а по пет имаа Дувњак и Шоштариќ.

На спротивната страна осум погодоци забележа Усцинс, а пет беа дело на Колбахер.

Сега само една „невозможна“ теорија може да ги спречи Хрватите да одат на ЛОИ, а тоа Алжир до крај да ги победи Австрија, а потоа и Хрватска со осум голови разлика. А покрај тоа, и Германија би морала да ја победи Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот