Хрватски ватерполист ја насмеа и одушеви јавноста од изолација! (ВИДЕО)

фото: принтскрин/инстаграм

И освојувачот на олимписко злато се приклучи во борбата против ширењето на коронавирусот и воедно апелира до сите да останат во своите домови.

Спортските натпреварувања ширум светот се прекинати поради коронавирусот, а бројни спортисти ги почитуваат препораките во државите во кои живеат и најголемиот дел од времето го поминуваат во карантин, домашна изолација.

Помеѓу нив е и хрватскиот ватерполо репрезентативец, Иван Буљубашиќ, а тој смисли како во овие тешки времиња малку да се опушти и воедно ги насмее своите фанови на Инстаграм.

– Баш му е гајле на Буљо…Буљо јаде сладолед! Биди како Буљо! Остани позитивен, не на корона и остани дома! – се зборовите на хрватскиот ватерполист.

Буљубашиќ наместо во длабок базен во кој секако се игра ватерполото, заврши во базен кои повеќе го обожаваат најмладите.

Мора да се признае дека на еден одличен успеа да ги насмее своите пријатели и истовремено ги повика сите да останат во своите домови и така да го спречат ширењето на коронавирусот.

Во својата кариера на Летните олимписки игри во 2012 година во Лондон освои златен медал со хрватската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот