Хрватската писателка Рудан до Вучиќ: Се плашите ли од Хрватите?

Хрватската писателка Ведрана Рудан го испровоцира српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на гостувањето во емисијата “Хит Твит ” на српската телевизија ТВ Пинк.

Вучиќ објаснувајки ја причината зошто не отпатувал  во Загреб на конгресот на Европските десни партии чија членка е и неговата СНС изјави дека, неговото евентуално присуство би ја дефокусирала поената на конгресот со масовни демонстрации на улиците:

– Мислам дека не згрешив .Да отидев во Загреб со сигурност главна тема ќе беше годишницата на настаните во Вуковар, но и ќе имаше масовни протести на улиците на Загреб. Се обидов да направам нешто добро за Европската десница и не сакав да додавам дополнителни тензии па затоа и не отпатував во Загреб изјави Вучиќ.

Вучиќ додаде дека во дијалогот со Хрватска се уште е невозможно да се избегне војната од минатото, особено што конгресот на ЕПП, се одржа токму на годишницата на војната во Вуковар.

По ова, хрватската писателка Ведрана Рудан го праша Вучиќ дали се уште се плаши од Хрватите и Хрватска?

– Мислам дека проблемот е во политичарите, а не во обичните луѓе. Дали сте вие миротворец, а Хрватите дивјаци кои не сакаат помирување – го праша Рудан српскиот претседател.

Вучиќ на оваа провокација одговори дека  се уште е невозможно, во дијалогот меѓу Белград и Загреб да не се споменува војната од деведесетите години на минатиот век, додавајќи дека очекува во иднина со заеднички напори двете страни да ги надминат проблемите од минатото и заеднички да ја градат иднината.

-Хрватска бара од Србија да го заборавиме Јасеновац, а од друга страна не сакаат да ги надминат проблемите и последиците од војните во деведесетите – изјави Вучиќ

Рудан повторно му упати забелешка на Вучиќ дека историјата и Јасеновац се користат исклучиво за дневно политички цели:

– Зарем не сте свесни дека во Србија се извлекува Јасеновац, па често се споменуваат јамите и усташите, зарем не сметате дека тоа да престане пред се поради децата – го запраша Рудан српскиот претседател Вучиќ.

Хрватската писателка го праша Вучиќ и зошто како претседател на најголемата држава на Балканот повеќе не се заложи за мир, прашувајки го  дали смета дека Хрватска ќе ја нападне Србија која патем забрзано се вооружува.

Ова прашање особено го налути Вучиќ кој одговори со контра – прашање: Дали тоа значи дека Србија не треба да се вооружува, на што хрватската соговорничка го спореди со поранешниот претседател на Србија, Милошевиќ

На ова Вучиќ одговори дека очигледно нема шанси да дебатира со писателката, признавајќи и дека ова е нејзино шоу и дека нема никакви шанси да ја убеди и надмудри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот