Хрватска меѓу водечките извозници на коронавирусот во Германија, Македонија на 10. место

Германиците уште еднаш ја докажуваат својата темелност кога се во прашање бројките и собирањето податоци.

Германскиот Институт Роберт Кох (РКИ) секој ден објавува дневни извештаи за состојбата со пандемијата во Германија со релевантни информации за бројот на новозаразени и слично.

Меѓу податоците кои можат да се најдат во дневниот извештај на РКИ за 11 август Хрватска јасно се издвојува како една од земјите кои коронавирусот најмногу го „извезувале“ во Германија, заклучува хрватски Индекс.

Хрватска е извозник на коронавирусот во Германија

Според овој водечки германски институт, кој значително влијае на политиката на германските власти за коронавирус, најмногу Германци, логично, се заразиле од вирусот во Германија од 29 до 32. недела од почетокот на пандемијата, дури 8.607. Следува Косово, од каде се заразиле 1.096 Германци, односно германски државјани. Трета е Турција, во која од коронавирусот се заразеила 501 лица, четврта Хрватска со 260 заразени. Петта е Србија (196), шеста Бугарија (166), седма БиХ (156), додека од Македонија со коронавирусот се заразиле 92 германски државјани и се наоѓа на 10-тото место на оваа табела на Роберт Кох Институтот.

Прочитајте и...  Азербејџан: Општа мобилизација во земјата не е неопходна
Фото: RKI/Index/EPA

Германиците уште еднаш ја докажуваат својата темелност кога се во прашање бројките и собирањето податоци.

Голем пораст на бројот на заразени во Германија

Германија вчера забележа најголем пораст на новозаразени од коронавирусот во изминатите неколку недели, 1.226 новопријавени случаи во текот на еден ден, соопштија надлежните служби во Берлин.

„Последен пат поголем скок од овој е забележан на 9. мај кога во рок од еден ден се пријавени 1.251 случај. Ова е вознемирувачки тренд“; стои во соопштението на Институтот Роберт Кох од Берлин.

Фото: ЕPA

Во соопштението се додава и дека „по секоја цена“ потребно е да се избегне натамошно влошување на состојбата. Најголем број од новозаразените е забележан во сојузните покраини Северна Рајна – Вестфалија и Хамбург.

Западен Балкан како извор на зараза

Со отворањето на границите и почетокот на сезоната на годишни одмори стапката на новозаразени за кои се претпоставува дека се увезени од странство порасна на 31.

Прочитајте и...  Германското разузнавање под надзор на нова комисија

Како извор на заразата се наведени земјите од Западен Балкан, меѓу кои e и Хрватска, како и Турција, Бугарија, Романија, Полска и Шпанија.

РКИ јасно истакнува дека зголемувањето на бројот на заразени е поврзано со „отворањето на границите“, што овозможи изложеност на вирусот во други земји и враќање на заразените во матичната земја.

Нови мерки за патниците од различни земји

„Пропорцијата на случаи на изложеност на вирусот надвор од Германија значително се зголеми во изминатите недели. Низ константна превенција и рано препознавање, зголемената трансмисија и зголемувањето на случаите можеше да бидат избегнати. За таа цел тестирањето на патници кои доаѓаат од странство ќе се спроведува бесплатно, а задолжителното тестирање на патниците од високоризичните земји ќе се воведе на крајот на неделата“, стои во дневниот извештај на РКИ, кој има значително влијание на Хрватска, која се обидува да си ја спаси туристичката сезона.

Прочитајте и...  СДСМ: Рeализацијата на СДИ тековно и во време на пандемија, потврда за позитивната бизнис клима
Фото: EPA-EFE/KORTE / BUNDESWEHR / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Лоши вести за Хрватска

РКИ нуди „глобална проценка на ризикот“ и наведува дека „ситуацијата е многу динамична и треба да се сфати сериозно“, и дека постои сериозна закана по „здравјето на германската популација“.

Во секој случај, Хрватска поради тоа што е локација за ширење на вирусот, пред се меѓу младите луѓе, се најде во незавидна положба, коментира Индекс. Италија воведе задолжително тестирање на сите оние кои доаѓаат од Хрватска, Словенија најавува построги мерки. Тоа што Хрватска е трета земја по бројот на увезени случаи на зараза од коронавирусот во Германија, од чии туристи зависи сезоната, би можело да има сериозни последици.

Според најновите податоци што ги објави Кризниот штаб во Хрватска, денеска има 180, нови случаи, најмногу од почетокот на епидемијата, заклучува Индекс.

 

Прочитај повеќе

Кралот на Јордан го распушти Домот на пратеници и нареди да се одржат избори

Слободен печат

„Ако биде потребно ќе бидат повикани резервистите“: Што точно значи воена состојба?

Слободен печат

Лукашенко му возврати на Макрон: Тој требаше да даде оставка пред две години

Слободен печат

Кој е подготвен за судирот меѓу Азербејџан и Ерменија – Едната страна има драстично повеќе војници

Слободен печат

Макрон: Хезболах да разјасни дали е партија или милиција

Слободен печат

Помпео вечерва во посета на Грција, разговарал со Столтенберг за тензиите во источниот Медитеран

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Света е наш претседател”: Повеќе од 100.000 демонстранти на улиците во Белорусија

Фамилија шеташе на островот Хвар, а набргу ги потопи бран (ВИДЕО)

Слободен печат

Во напад во Нигерија се убиени 18 луѓе, одговорноста ја презема Исламска држава

Слободен печат

Заев и Борисов телефонски разговараа за соработка меѓу двете земји

Слободен печат

Трамп: Бајден треба да се тестира за дрога пред дебатата

Слободен печат

Шахпаска: Родителите на децата до шест години и со продолжено породилно да се вратат на работа

Слободен печат