Христијана Парулеска освои бронза на Светското првенство во традиционално таеквондо

фото: facebook.com/marjancho.lazarevski.9

На Светското Таеквон-до ИТФ првенство во Астана, македонската натпреварувачка Христијана Парулеска успеа да освои медал.

Парулеска се закити со бронза во спаринг борби, јуниорки, во категоријата 14-15 години на СП во главниот град на Казахстан.

Според „ipon.mk“, повредата на задната ложа на десната нога во полуфиналето ја оневозможи нашата репрезентација да се бори во финалето.

Првенството се одржува во периодот од 18 до 26 август.

Покрај Христијана Парулеска, во нашата репрезентација се и Зоран Парулески, Давид Крстески и Елена Јанеска под водство на Марјанчо Лазаревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот