Храна со неограничен рок: Медот вечно трае, а солта можете неограничено да ја користите

Кога купувате храна, сигурно го проверувате рокот на траење на производите, но забележувате дека на некои наместо рок на траење, произведувачите ставаат „најдобро да се искористи до“. Тоа значи дека не морате да ја фрлите храната ако е поминат назначениот рок, се разбира доколку не забележите значителни промени во вкусот и мирисот.

За некои производи колку и да мислите дека не им е поминат рокот – како на пример оризот или тестенините, сепак тие можат да се користат до пет години. Но, постојат и производи на кои никогаш не им истекува рокот на употреба.

Медот вечно трае

„Течното злато“ е еден од производите на кои никогаш не им минува рокот на траење. Технички и шеќерот нема рок на траење, иако неговиот квалитет почнува да се менува по две години. Но, тоа не е случај со медот. По 20, 50 или 100 години тој ќе има ист вкус како и на денот кога е собран во тегли. Ако не верувате, побарајте на интернет информации за медот стар 3.000 години кој сè уште може да се јаде, а го нашле археолозите во египетски гробови.

И да, дури и кристализираниот мед можете слободно да го јадете. Она што го прави медот поинаков од другите произвoди е што содржи минимално количество вода. Микробите за да растат бараат вода, а поради таа причина овошјето и зеленчукот брзо се расипуваат. Друга причина е ниската pH-вредност на медот, а кога ќе ги додадете антибактериските својства на медот и присуството на водороден пероксид во него, добивате производ што никогаш нема да се расипе.

Солта можете неограничено да ја користите

Има причина поради која солта се користи како главен конзерванс илјадници години. Природната сол – онаа што нема адитиви – никогаш нема да се расипе. Исто како медот, таа не содржи вода и има својство да ја заштити храната од расипување. А бидејќи не е од растително потекло, односно е минерал кој се добива од морската вода, нема да го изгуби својот вкус никогаш.

Ако ја складирате правилно, солта секогаш ќе ги задржи својот вкус и мирис, без разлика колку е стара. Тоа значи да ја сочувате во сад далеку од влага, бидејќи лесно ја апсорбира. Но, во продавница секако ќе најдете пакувања сол со означен датум до кога е најдобро да е искористат. Тоа се однесува на јодираната сол, која се продава за исхрана и во која е додаден јод. Таа може да се користи максимално пет години.

Соја сосот е ферментиран

Неотвореното шише со соја сос можете да го чувате долго време и да го искористите кога ќе ви треба. Тој се прави од соја семе, житарки, сол, вода и квасец. Откако ќе се сварат состојките, во нив се додава коџи – вид мувла која не е штетна за јадење, а помага во трансформација на шеќерите и развивање на комплекси вкусови, кои го прават соја сосот толку вкусен. Поради тој ферментирачки процес и високиот процент на сода, бактериите не можат да се развиваат само ако шишето не е отворено. Откако ќе го отворите, тоа оксидира, потемнува во бојата и му се менува вкусот, па поради тоа искористете го во рок од шест месеци.

Сушената зрнеста храна е долготрајна

Сувиот грав, грашок, леќа… се одлични извори на протеини, витамини, растителни влакна, антиоксиданси, поради што често треба да ги имате на менито, а и дома во шпајзот. Ако ги складирате на суво и ладно, тие можат да траат неограничено и секогаш ќе го имаат истиот квалитет.

Со научни студии докажано е дека колку и да е стар гравот, ако бил соодветно чуван, бе само што е безбеден за јадење, туку не губи од вкусот.

Но, некои готвачи ќе ви кажат дека ако треба да готвите, подобро е да купите свеж грав, бидејќи стариот нема да има добар вкус. Тоа не е точно, освен што ќе ви треба подолго време да го сварите. За да го избегнете тоа, од вечер ставете го во сад со вода за да омекне.

Дури можете да додадете и една лажичка сода-бикарбона во него, за да се забрза процесот на омекнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот