ХОРОР ВО СОМАЛИЈА: Автомобил-бомба експлодирал до претседателската палата, шест мртви

Фото: Твитер

Најмалку шест лица загинале во главниот град на Сомалија во бомбашки напад на исламските екстремисти, информирала полицијата.

Во експлозија на автомобил-бомба, кој го возел самоубиец биле повредени и повеќе од 13 луѓе, а поголемиот дел од загинатите биле војници, пренесува тамошната полиција.

Одговорноста за нападот во Могадиш ја преземала сомајлиската екстремистичка бунтовничка група Ал-Шабаб, пренесувајќи дека цел на нападот биле возила на владините функционери, пренесуваат медиумите ширум светот.

https://twitter.com/SputnikInt/status/1131112619618832384

Автомобилот-бомба експлодирал кај безбедносен пункт во непосредна близина на претседателската палата, додека војниците вршеле безбедносни проверки на возилата на главниот пат.

Бунтовничката група Ал-Шабаб често изведува бомбапки напади во Могадиш, во близина на претседателскиот комплекс и во хотели во кои често престојуваат функционери од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот