Хорор во Атина: Пред својот дом застрелан поранешен српски репрезентативец

tviter

Во предградието на Атина, Глифада, Дарко Ковачевиќ е застрелан во ногата, но не се наоѓа во животна опасност.

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Реал Сосиедад и Олимпијакос, Дарко Ковачевиќ, е застрелан во ногата пред својата куќа во Глифада, предградие на Атина.

Според шокираните грчки медиуми, напаѓачот го чекал поранешниот фудбалер во автомобил од марката Смарт и штом го здогледал Ковачевиќ, во движење му пришол и пукал во него.


За среќа, екс-фудбалерот експресно се фрлил на земја со што избегнал сериозни повреди. Напаѓачот веднаш побегнал со голема брзина, а полицијата во близина на атинскиот аеродром пронајде запаленото возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот