Холивудски ѕвезди си купија фудбалски клуб од Велс

epa06693085 Canadian actor Ryan Reynolds speaks to the media during a press conference to promote his latest film 'Deadpool 2' in Mexico City, Mexico, 25 April 2018. EPA-EFE/JOSE MENDEZ

Познатите актери Рајан Рејнолд и Роб Мекилејни се нови сопственици на фудбалскиот тим Рексам.

Рејнолдс и Мекилејни ги откупија акциите од Унијата на навивачи на Рексам а според договорот ќе вложат и два милиони фунти во клубот.
Во соопштението на Унијата на навивачи се наведува дека средствата веднаш ќе бидат ставени на располагање на клубот и приоритет ќе биде ангажман на нови фудбалери.


Рексам е тим од Велс кој се натпреварува во Националната лига, односно петто по ранг натпреварување во англискиот фудбал.
„Ова е посебен ден за нас. Заедно со играчите, навивачите и локалната заедница сакаме да ја исполниме целта и да изградиме тим кој ќе може да се врати во професионалниот ранг на натпреварување. Сакаме да ја зголемиме посетата на трибините и да ги подобриме условите на стадионот“, порачаа актерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот