Хоџа: Продолжува поддршката од Турција за македонското земјоделство

Фото: mia.mk

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа попладнево имаше работна средба со својот турски колега, Бекир Пакдемирли. По средбата, Хоџа изјави дека земјава добива континуирана поддршка од Турција во сите сектори, а соработката продолжува уште поинтензивно.

Како што напомена министерот Хоџа, веќе се реализирани неколку средби за пласман на наши производи во Турција.

– Сигурен сум дека во наредниот период, поддршката ќе се продлабочува, но и соработката. Тоа сакам да го потврдам и со меморандумите за разбирање меѓу двете влади во областа на водите, шумарството и безбедноста на храната и ветерината, кои беа потпишани во јануари годинава, истакна Хоџа.

Тој потсети и дека МЗШВ добива техничка поддршка од турскиот земјоделски осигурителен фонд со цел воспоставување ист таков фонд и кај нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот