Хоџа: Повеќе од 4.000 компании згаснаа поради корона-кризата

Неби Хоџа / Фото: МИА

Ликвидноста на компаниите, особено на малите и средните кои тешко се соочуваат со последиците од коронакризата, ќе бидат во фокусот на петтиот економски пакет, вели претседателот на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.

– Фактот што повеќе од 4.000 компании се затворија доволно зборува за неопходноста од пари за одржување на ликвидноста – вели Хоџа.

И Хоџа не е оптимист дека пакетот и неопходната регулатива ќе стигнат навреме за да се даде финансиска помош за исплата на јануарската плата.

– Но, ние ќе бараме од Владата да најде начин како да ја даде помошта за плата за јануари, затоа што овој зимски месец вообичаено е тежок за компаниите – посочува Хоџа.

Комората на Северозападна Македонија ги дефинираше своите барања за петтиот пакет, а и нејзин став е дека финансиската помош за плати треба да се исплаќа директно на сметка на работниците, за да нема злоупотреба на пари од страна на газдите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот