ХИТ: Кучиња ги нападнаа полицајците кои дојдоа да ја уапсат Катица Јанева (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Додека македонската јавност под будно око го пратеше апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева, заради аферата „Рекет“, камерите забележаа една интересна сцена.

Како што може да се види, кучиња во еден момент ги нападнаа и лаеја по полицајците кои стоеја пред куќата на обвинителката.

Да потсетиме, Јанева е уапсена по налог на Обвинителството за организиран криминал за злоупотреба на службената позиција и противправно стекнување на околу 5.000 евра.

Обвинителството бараше мерка притвор.

Во случајот „Рекет“ засега се обвинети само Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски, кои од бизнисменот Јордан Камчев изнудиле повеќе од милион евра во замена за ослободување од притвор.

Инаку, решение за ослободување на Камчев од притворот морала да одобри шефицата на Специјалното обвинителство, Катица Јанева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот