Screenshot/X

Хит фотографија: Никој не верува дека овие момчиња од Уганда имаат 15 години

Фотографија од У-15 репрезентацијата на Уганда експресно се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина реакции, а причината е што малкумина веруваат дека фудбалерите на неа навистина имаат помалку од 15 години.

Сликата е направена пред натпревар од турнирот „CAF Schools Championship“, кој се одржува во Зимбабве. Играчите на Уганда, облечени во црвено-жолти дресови, позираа за тимска фотографија, но нивниот физички изглед веднаш стана тема на дебата.

Објавата брзо стана вирална на социјалните мрежи каде што бројни фанови коментираат дека фудбалерите, поради висината, мускулатурата и зрелите црти на лицето, изгледаат значително постаро од своите врсници.

Дел од јавноста отворено се сомнева во валидноста на нивните документи, тврдејќи дека е тешко да се поверува дека станува збор за момчиња на возраст до 15 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот