ХАРИСОН ФОРД: Америка ги изгуби моралното лидерство и кредбилитетот

Холивудскиот актер Харисон Форд обвини за недостиг на лидерство во светот од страна на САД и последиците со кои се соочува светот од тоа.

Форд ги посочи проблемите кои доаѓаат од светските миграциони движења и неизбежните климатски промени.

„Се соочуваме со вистински проблеми во Америка и работиме напорно да ги решиме“, оценувајќи дека американската полиса за имиграциа е „смешна“, сметајќи дека на нацијата и е потребна комплетна реформа.

„Треба да ги каниме луѓето во нашата земја, а не да ги спречиме да дојдат. Тоа е историјата на Америка, зависи од имиграцијата“ вели Форд.

Иако не го посочи со име и презиме актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, легендарниот актер оцени дека улогата на нацијата не се променила кон подобро.

„Во основ, позицијата на САД во светот е без суштинска поради нашиот недостиг на морално лидерство – Го изгубивме нашиот кредибилитет и сега очајно сакаме да го вратиме назад“, изјави Форд за време на промоцијата на неговиот нов филм  „Повикот на дивината“ (The Call of the Wild) во Мексико Сити.

За време на промоцијата, Харисон Форд како долгогодишен активист во борбата против климатските проблеми исто така проговори за политичките напади против науката.

Науката се негира и исмева од луѓе во „идеолошки кампови“. Тие ја одбиваат мудроста и дисциплината на науката во полза на полички определби и тоа мора да престане, изјави актерот.

Тој не ја пропушти и приликата да го поздрави и поддржи лидерскиот активизам на младата швеѓанка Грета Тумберг за климатските закани.

Заканата за природата ја перцепирам како најголемата закана за човештвото, потенцира Форд, повикувајќи ги луѓето со право на глас „да прекинат да им даваат моќ на лица кои не веруваат во науката или се преправаат дека не веруваат само поради нивен личен интерес“ рече холивудскиот актер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот