Харадинај за апсењата во Косово: Операција против криумчарење и организиран криминал

Рамуш Харадинај/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утрово потврди дека специјалните сили извеле операција во општините на север во Косово и Метохија и истакна дека станува збор за „операција против криумчарење и организиран криминал“.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ уште пред 11 дена ги предупреди приштинските власти дека се подготвува апсење на Србите припадници на косовската полиција.

„Во северните општини на Косово се одвива операција против криумчарење и организиран криминал во рамките на нашата посветеност кон владеењето на правото за сите. Потврдувам дека оваа акција е вперена против организиран криминал и на мета се полициски и царински функционери. Ги повикувам граѓаните да останат мирни“, напиша Харадинај на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот