Мициќ, Хапоел Тел Авив Фото: EPA/Daniel Dal Zennaro

Хапоел покажа зошто е лидер во Евролига, Панатинаикос со силно второ полувреме го совлада Дубаи

Хапоел Тел-Авив ја потврди доминацијата во Евролигата, убедливо триумфирајќи на гостувањето кај Милано со 105-83. Италијанскиот првак дојде со серија од четири победи, но беше целосно надигран, а Хапоел постигна четврти пат сезонава троцифрен број на поени.

Најдобри стрелци кај победникот беа Отуру и Блејкни со по 20 поени, додека Илајџа Брајант имаше 18. Кај Милано најефикасни беа Болмаро (16) и Елис (15).

Панатинаикос со силно второ полувреме го совлада Дубаи со 103-82. По повредите на Џеди Осман и Алекса Аврамовиќ, грчкиот тим го презеде водството со извонредна трета четвртина (30-14).

Кендрик Нан постигна 22 поени (18 во вториот дел), а по 15 поени додадоа Слукас и Грант. Кај Дубаи најдобар беше Кабенгеле со 18 поени.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот