Хаос во Вашингтон: Пукање за време на бејзбол натпревар

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Во саботата вечерта екипата на Вашингтон Нешнлс во рамки на МЛБ бејзбол лигата играше натпревар кој не го дочека крајот бидејќи имаше престрелка покрај стадионот.
Како што објави полицијата, пукањето не било на стадионот, туку покрај него имало престрелка помеѓу лица кое се наоѓале во два автомобили.

Резултатот од престрелката е три повредени лица, од кои една девојка која немала врска со пукањето, туку сакала да го преследи бејзбол натпреварот. Другите двајца повредени прво избегале од местото на настанот, но подоцна се пријавиле во болница.

Неколку истрели се слушнаа и на стадионот, што ги исплаши и навивачипте и самите играчи.
– Одеднаш на стадионот завладеа колективна паника, посебно во подрачјето на третиот влез каде се случија истрелите. Паниката настана веднаш бидејќи навивачите не знаеја што да прават, а немаше ниту реакција од редарските служби. На разгласот никој не се огласи барем пет минути и тоа доведе до целосен хаос – изјавија гледачи кои биле на стадионот за „Вашингтон пост“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jomboy Media (@jomboymedia)

– Пет минути никој не знаеше што се случува, дури ни службениците па поради тоа се беше во хаос. Навивачите се криеја под столчињата, а хеликоптери го надлетуваа стадионот. Полициските сирени се слушаа оддалеку.
Сепак, на крајот се завршило без никакви последици по навивачите, а полицијата се уште врши истрага и ги бара сите учесници во престралката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот