ХАОС ВО ФРАНЦИЈА: Првиот снег остави 200.000 домови без струја

Фото: МИА

Првиот пообилен снег во југоисточниот дел на Франција доведе до прекин во снабдувањето со електричната енергија, ограничувања во сообраќајот и на патиштата во сообраќајот на железницата, а едно лице го загуби животот, јавува дописникот на МИА.

Еден 63-годишен маж починал додека синоќа се обидувал да расчисти снежен пат до својот дом во Изер. На него паднало дрво. Драмата се случила во близина на Бургоин-Жалио. Пожарникарите не успеале да го повратат во живот.

Околу 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Голем дел од жителите на Дром, Ардеш и Изер ја поминаа вечерта со свеќи и без греење. Овие нарушувања се предизвикани од паѓање дрвја врз далноводите, од тежината на снегот. На пример, на Tурно сур Рон (Ардеш) е прекината среднонапонската линија од 20.000 волти.

Снегот предизвика нарушувања во сообраќајот на железницата. Движењето на возовите е прекинато на три правци од Гренобл „барем до петок напладне”, најавуваат од компанијата, поради паднати дрвја врз пругите или опасност од паѓања. Засегнатите правци се Гренобл-Лион, Гренобл-Валенс и Гренобл-Вејнес. Сепак можно да се оди од Гренобл во Лион, но со „пренасочување” што минува преку Шамбери во Савоа и Амбериу во Аин.

Проблеми има и на патиштата. Од своја страна, префектот на Ардече бара од возачите да не излегуваат непотребно на пат. Околу Сен Етијен сообраќајот за тешките возила на автопатот е во прекин.

Девет департамани се ставени во портокалова будност. Аин, Ардеш, Дром, Изер, Лоара, Рона, Сон-ет-Лоара поради снегот. Вар е ставен поради опасност од поплави и високи бранови. Што се однесува до поморските Алпите, тие се под будност од високи бранови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот