Хаос на албанско – грчката граница, илјадници албански граѓани заглавени

Фото: top-channel.tv

Километрски колони возила и автобуси со албански државјани од вчера попладне се пред преминот Какавија на албанско – грчката граница.

Станува збор за албански емигранти кои за време на летниот одмор одлучиле да дојдат во родниот крај, но по највата дека нема да се дозволува влез без негативен ПЦР-тест,побрзале да се вратат назад во Грција.

Во врска со ваквата ситуација реагираше шефот на државата Илир Мета кој побара од Владата под итно да превземе неопходни мерки.

– Длабоко сум загрижен за состојбата на албанските граѓани кои продолжуваат да бидат заглавени со часови на граничниот премин Какавија,сериозно изложени на ризик од ширење на пандемијата Ковид-19. Ја повикувам Владата и Министерството за Европа и надворешни работи под итно да воспостават контакти со грчката страна, да ги преземат сите мерки за да го олеснат и гарантираат слободното движење на граѓаните преку границата.Решението мора да биде веднаш!, стои во реакцијата на aлбанскиот претседател Илир Мета.

Во меѓувреме припадниците на полициски службениви од Ѓирокастро, специјата единица „Шќипоња” и сообраќајната полиција на илјадниците заглавени граѓани им делат шишиња со вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот