Хамилтон пред казна од ФИА поради политички пораки

epaselect epa08666744 Winner British Formula One driver Lewis Hamilton of Mercedes-AMG Petronas reacts after the Formula One Grand Prix of Tuscany at the race track in Mugello, Italy 13 September 2020. EPA-EFE/Bryn Lennon / Pool

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфира на трката за Големата награда на Тоскана и моментот сакаше да го искористи за кревање на свеста против расизмот и полициската бруталсност во САД поради што се соочува со казна од ФИА.

Хамилтон носеше маичка на која пишуваше „Уапсете ги полицајците кои ја убија Бреона Тејлор, 26-годишната медицинска техничарка која беше застрелана откако нејзиното момче почнало да пука на полицијата при претрес поврзан со дрога во нивната куќа.

– Сакав да го свртам вниманието на јавноста на тоа дека полицијата убива луѓе. Некој е убиен на улица, а некој во својот дом. А убијците сè уште се на слобода. Не можеме повеќе да молчиме, мораме да им го привлечеме вниманието на луѓето, на јавноста. Наоми тоа го прави одлично, ги инспирира сите, па така ме инспирира и мене – го објасни Хамилтон својот потег по трката во Муџело.

Но, неговиот потег се најде на удар на ФИА чиј статут не дозволува политички пораки од било кој вид. Хамилтон би можел да биде казнет затоа што „ја преминал линијата“, тврди неименуван извор од Мерцедес. Британецот ја носеше маичката и пред трката и на доделувањето на пехарите додека се интонираше британската химна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот