Хакерски напад врз водечкиот украински мобилен оператор

Фото: МИА

Водечкиот украински мобилен оператор Киевстар денеска беше цел на хакерски напад, соопшти групата на Фејсбук.

„Утрово бевме цел на моќен хакерски напад. Ова предизвика технички дефект поради што нашите услуги за мобилна комуникација и пристап до Интернет беа привремено недостапни“, се вели во соопштението.

Ниту операторот, ниту украинските власти не дадоа детали за тоа кој би можел да стои зад хакерскиот напад. Не стана збор ниту за можна поврзаност на нападот со Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот