Хакерите од „Анонимус“ покажаа наводни докази дека ги собориле веб-страниците на Вучиќ и српската војска
Неформалната меѓународна хакерска група „Анонимус“ денеска испратила нови пораки до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во кои наведуваат дека ќе „го натераат да плати висока цена”.
Препорачано
Тие на еден од нивните профили на Твитер тврдат дека во текот на ноќта ја блокирале веб-страницата на Министерството за одбранана Србија, а утринава веб-страницата vucic.rs, но и двете страни во моментов се во функција.
„Фашисту Александар, не поминувај време со твоите кучиња. Вашата војска сега не може да лае. Не ги потценувајте Анонимусите, ќе ви ставиме поводник“, напиша тие во објавата.
If he wants to play with fire then lets beginhttps://t.co/z5elEBb5t2 – DOWN https://t.co/rQbgECR95C#OpSerbia #Anonymous pic.twitter.com/aYlwoYO9Jh
— Anonymous TV ?? (@YourAnonTV) January 5, 2023
Пораките од „Анонимус“ доаѓаат откако претходно претседателот на Србија објави фотографија како си игра со кучиња со текст „Се подготвуваме да се бориме против анонимноста“. Хакерската група пред една недела објави закани и наводи дека Вучиќ „иницира провокации на северот на Косово и се обидува да предизвика вооружен конфликт“.
„Анонимуси“ ги собориле веб-страниците на Вучиќ и на Војската на Србија


