-1 C
Скопје

Хакерите кои го срушија агрегатот Тајм.мк тврдат дека не ја нападнале и страницата на ДИК, најавуваат поголеми напади следните недели

Интервју со хакерите кои во изборната вечер ја нападнаа страницата на агрегаторот „Тајм.мк“ објави it.mk, во кое тие објаснуваат дека не направиле никаков ДДос напад и дека не се одговорни за нападот на страницата на Државната изборна комисија.

Инаку, двата сајта тврдат дека биле цел на сериозен ДДос напад (напад во кој се преоптоваруваат ресурсите на серверот и го оневозможуваат нормалното функционирање) со барања извршени од милионски број на IP адреси ширум светот.

– Ние стоиме позади дефејсингот и леак на код. Во ниеден момент немавме пуштено никаков ДДос напад, 500мб/с напад е смешен напад за наш калибар, нашите капацитети се 10гбит/с пута 50 сервери, во некои ситуации и 100 сервери – велат хакерите во одговор на прашањето дали тие стојат зад ДДос нападот на Тајм.мк и дефејсингот што беше поставен на сајтот на денот на изборите.

Прочитајте и...  АД ЕСМ: Врнежите ја отежнаа работата во рудниците во РЕК Битола, но снабдувањето со струја е стабилно

Тие откриваат дека имале пристап во Тајм.мк речиси 6 месеци.

– Како што напоменавме, ние во ниту еден момент не удривме ДДос на Тајм, доколку удревме, немаше нити да се крене, ниту cloudflare да издржи – посочуваатт хакерите.

Тие најавуваат и десетици други, многу поголеми напади во следните недели, за, како што велат, да се промени нешто во државата, затоа што со добро, ништо не се сменило.

– Загрижени сме (за кривична одгоровност за нападот), но мора некој да изреагира на ваков начин во оваа држава, очигледно со добро ништо не се постигна во последните 20 години. Секако нема да бидат 2-3 напади, се спремаме за преку 30-40 напади во рок од неколку недели. И да, ниту еден напад нема да биде ДДос – додаваат хакерите во интервјуто за it.mk.

Прочитајте и...  Формирано здружение за обнова на „Глобал" во Струмица

 

Поврзани вести

За ЕУ нема алтернатива, членство во ЕЕЗ е само преодно решение

Слободен печат

Облачно со сончеви периоди и ветер, снег на југ

Слободен печат

Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Љубов на прв поглед

Слободен печат

Четвртиот пакет ги исклучи оние од третиот: Од 78.000 приговори за помош од 6.000 денари, прифатени само 2.132!

Соња Кириџиевска

Палењето знаме е примитивизам што треба да се казни

Соња Христовска Угриновска

Остави Коментар