Хајди Клум горда на својата ќерка Лени која со 16 години веќе го шармира целиот свет

Instagram
Instagram

Лени Клум на само 16 години се појави на насловната страница на „Vogue“ со нејзината супермодел мајка Хајди Клум.

Ѕвездата во подем, изгледа неверојатно на новите фотографии направени за модниот магазин „Hunger“, а модните критичари веќе ѝ предвидуваат блескава кариера.

Во декември Хајди сподели снимки од нивната заедничка насловна страница на „Vogue“ и напиша емотивна порака упатена за нејзината ќерка.

Instagram
Instagram

Толку многу се гордеам со тебе. И не затоа што го одбра овој пат. Знам дека без разлика по кој пат ќе одлучиш да одиш, ќе бидеш своја. Ти секогаш точно знаеш што сакаш и што не сакаш. Ти не си мини-јас. И јас сум среќна за тебе што сега можеш да покажеш која си“, напиша Хајди.

Клум воедно додаде дека е свесна дека не е лесно да си ќерка на познат супермодел и дека Лени никогаш немала можност да порасне нормално.

Биолошкиот татко на Лени е бизнисменот Флавио Бријаторе, но таа беше посвоена од вториот сопруг на Хајди, пејачот Сил, кога двојката се венчаше.

Instagram
Instagram

Клум повторно се омажи пред скоро две години со музичарот од „Tokio Hotel“, Том Каулиц.

Но, ти имаш талент да го извлечеш најдоброто од сè. И јас би рекла дека ти си самоуверена млада жена која се бори за своите цели“, вели моделот.

Instagram
Instagram

Клум вели дека се надева дека без оглед каде и да е, нејзината ќерка секогаш ќе го носи со себе она на што ја учела низ годините. За големите одлуки во животот, но и за малите.

Instagram
Instagram

И дури и ако често не сакаш да го слушаш советот на твојата мајка, еве уште еднаш: Никогаш не прави ништо што не сакаш да го правиш и секогаш слушај го твојот внатрешен инстинкт“, порача Клум.

Instagram
Instagram

Секако, на Лени ѝ претстои возбудлива кариера, како што вели нејзината горда мајка „Vogue“ е најдобриот начин да ја започне кариерата за која сонува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот