Хабиб нема да се бори со Мекгрегор за помалку од 100 милиони долари

твитер

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт најави дека следната борба на Ирецот ќе биде со Нурмагомедов.

Конор Мекгрегор на спектакуларен начин се врати во октагонот и за 40 секунди до нокаутира Доналд Серон. Најзадоволен од исходот на борбата беше претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, кој најави најави дека следната борба на Мекгрегор ќе биде реваншот против Хабиб Нурмагомедов и тоа ќе претставува најголема борба во историјата на УФЦ.

Токму Нурмагомедов во октомври 2018 година во четвртата рунда го принуди Ирецот да се предаде, а потоа и предизвика масовна тепачка која му донесе суспензија од шест месеци.

Само неколку часа по најавата на Вајт, се јави таткото на шампионот во лесна категорија, Абдулманап Нурмагомедов, и порача дека борбата ќе се одржи само под еден услов:

– И ние сакаме одмазда против Конор, но за тоа морате да ни исплатите 100 милиони долари. Еден ден по борбата на Хабиб со Тони Фергусон подгответе ги парите и потоа одиме на реванш. На Дејна Вајт му е потребна оваа борба – изјави Абдулманап Нурмагомедов.

Веднаш по борбата, на социјалните мрежи се огласи и непоразениот боксер, Флојд Мејведер кој најави дека е подготвен да боксува или со Мекгрегор или со Нурмагомедов кои во минатото бараа меч против Американецот.

Тој  ги израдува фановите со поставувањето на два постери на својот Инстаграм профил, со кои сака да покаже дека е заинтересиран да боксува против еден од двајцата најпопуларни борци.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот