Гвардиола со 200 милиони евра, приоритет му е напаѓач од Серија А!

Фото: twitter/Manchester City

Менаџерот на Манчестер сити доби 200 милиони евра за ангажирање нови играчи во редовите на премиерлигашкиот клуб.

Се очекува наредното лето Сити да вложи огромни пари на засилувања, а Пеп Гвардиола цели кон врвен напаѓач, бидејќи Серхио Агуеро речиси сигурно ќе го напушти „Етихад“. Шпанецот ќе остане со еден напаѓач Габриел Жезус, но со 200 милиони ќе има можност да купи врвен голгетер.

Англиските медиуми тврдат дека прва желба на Гвардиола е Ромелу Лукаку од Интер. Белгиецот имаше одлична сезона во Интер и е најдобар стрелец на екипата која се бори за Скудетото.

Воедно верува дека овој играч би можел да биде вистинско освежување во нападот на „граѓаните“, а да не заборавиме дека во составот на клубот од „Етихад“ има уште еден белгиски репрезентативец, Кевин де Брујн.

Лукаку веќе има искуство со играње во Премиер лигата, ги носеше дресовите на ВБА, Челси, Евертон и Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот