Гвардиола: Имав 11 голови во кариерата, кој сум јас да го критикувам Халанд?

фото: EPA-EFE/ASH ALLEN

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола застана во одбрана на напаѓачот Ерлинг Халанд, кој пропушти неколку одлични шанси против Челси.

Во саботата фудбалерите на Манчестер сити ремизираше 1:1 против лондонските „сини“ во дербито од 25 коло во Премиер лигата.

– Добро е што Халанд шутираше девет пати, ќе постигне гол на следниот натпревар. Не можам да бидам лут на Ерлинг. Бев и фудбалер, постигнав вкупно 11 гола во кариерата која траеше 11 години. Во просек, тоа е само еден гол по сезона. Врз основа на тоа, дали сум вистинската личност да ги критикувам и советувам напаѓачите? – изјави Гвардиола.

Шпанскиот тренер потоа додаде:

– Создадовме голем број шанси, следниот пат тие ќе ги искористат. Не го обвинувам, такви работи се нормални во фудбалот. Играчите се човечки суштества – вели Гвардиола.

Манчестер сити е на третото место на табелата во Премиер лигата со 53 бодови.

– Во првото полувреме не бевме тоа што требаше да бидеме и сосема е разбирливо што ривалот имаше предност. Сепак, во продолжение одигравме подобро и покажавме што можеме. Бевме подобриот противник во тој период од натпреварот, но не успеавме. Сепак, не им се налутив на моите играчи и нашите амбиции остануваат исти – се зборовите на Гвардиола.

Во вторник „граѓаните“ ќе го одиграат заостанатиот натпревар од 18 коло во Премиер лигата против Брентфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот