ВИДЕО: Манчестер сити и Челси ремизираа во дербито на колото во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Манчестер сити и Челси одиграа нерешено 1:1 во дерби натпреварот од 25 коло во Премиер лигата.

Челси одигра добар натпревар, добро се бранеше и беше опасен при контранапад. Една таква шанса искористи Рахим Стерлинг во 42 минута кога донесе водство за гостинската екипа.

Во продолжението од натпреварот имаше голем притисок од Сити, особено на крајот. Челси се бранеше најдобро што можеше, но на крајот успеаја „граѓаните“ да го избегнат поразот преку Родри во 83 минута.

Сити е трет во табелата во Премиер лигата со 53 бода, додека лондонските „сини“ се на 10 позиција со 35 освоени бодови.

Сити го пречекува Брентфорд во следното коло од Премиер лигата, додека Челси го очекува финалето од Лига купот против Ливерпул на 25 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот