Доналд Трамп и Владимир Путин / Фото Архива на СП

Гувернерот на Алјаска: Средбата меѓу Путин и Трамп ќе трае неколку часа

Претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, закажана за утре во Анкориџ, Алјаска, ќе трае неколку часа, изјави гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи.

„Мислам дека средбата ќе трае неколку часа, а не денови, и ќе послужи како основа за идните разговори за завршување на војната“, изјави Данливи за локалниот медиум „Alaska’s News Source“.

Гувернерот додаде дека планира да разговара со Трамп пред самитот за енергетската инфраструктура на државата, вклучително и изградбата на цевководи, како и за критичните прашања поврзани со минералите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот