Гутереш со апел до САД и Иран: Продолжете со заедничка соработка на нукеларниот договор

Антонио Гутереш/Фото: EPA-EFE/PASCAL BITZ / WEF HANDOUT MANDATORY CREDIT / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш денеска ги повика САД и Иран на заедничка работа за надминување на застојот во примената на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, додавајќи дека, сепак, не очекува брзо решавање на тоа прашање.

Новата американска администрација на Џо Бајден изрази подготвеност за повторен ангажман и враќање на САД во договорот што го напуштија во мандатот на Доналд Трамп, иако и Вашингтон и Техеран очекуваат прв чекор од другата страна.

– Има многу работа. Не очекувам брзо решение, истакна Гутереш на прес-конференција, одговарајќи на прашањето за можно посредување на ОН.

Гутереш нагласи дека сите држави-потписнички на тој договор и останатите засегнати страни треба заедно да работат на намалување на неизвесноста и да ги надминат проблемите.

Договорот, чиј официјален назив е Заеднички сеопфатен акциски план, беше потпишан во јули во 2015 година во Виена од Иран и „Групата 5+1“ што ја сочинуваат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД) и Германија како потписничка во името на ЕУ.

САД во мај во 2018 година еднострано се повлекоа од договорот со Иран и престанаа да учествуваат во сите активности што се предвидени со актот. Иран, по повлекувањето на САД, почна да не ги исполнува своите обврски од договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот