Гутереш на Твитер: Ситуацијата во Либија е скандалозна

Тој забележа дека во Либија и натаму пристигнува оружје од сите страни, а воените операции и натаму траат, што ја влошува и онака тешката хуманитарна ситуација.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутериш на својот профил на Твитер ја нарече актуелната ситуација во Либија „скандалозна”, пренесоа светските агенции.

„Тоа што се случува во Либија не е ништо друго освен скандал”, напиша Гутереш на Твитер.

Тој забележа дека во Либија и натаму пристигнува оружје од сите страни, а воените операции и натаму траат, што ја влошува и онака тешката хуманитарна ситуација.

Највисокиот претставник на светската организација додаде дека ОН имаат потреба од конечен прекин на воените дејствија во Либија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот