Гурмански викенд: Бургери од туна и компири

Фото: Unsplash

Во овие топли денови иако можеби посакувате да уживате во еден голем вкусен бурер, високите температури може да го намалат тоа задоволство. Времето е премногу топло и е препорачливо да се избегнува тешка храна во овие тропски денови.

Сепак за да ја исполниме вашата желба креиравме бургери кои се совршени за овие топли денови. Бургери од туна и компир за целото семејство.

СОСТОЈКИ:
– 500 г компири
– 160 г конзервирана туна
– ¼ кромид
– 1 јајце
– 4 лажици магдонос
– црвен пипер
– сол
– лебни трошки

ПОДГОТОВКА:
Излупениот и исечкан на коцки компир варете го во врела солена вода 15 минути. Исцедете го и изгмечете го. Во пирето додајте ги ситно сечканиот кромид, црвениот пипер, малку сол, туна, јајце и магдонос, па сè добро измешајте да се соединат состојките. Потоа додајте ги лебните трошки и повторно измешајте. Поделете ја смесата на осум еднакви делови, па секој дел обликувајте го во бургер. Пржете ги во згреана грил-тава со малку масло од двете страни да поруменат. Послужете ги со прилог и печиво по избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот